Бродоградилиштето Адмирал Тецномар ја претставува својата нова суперјахта од 40 метри наречена Какос В.Јахтата своето деби го имаше на саемот за Јахти во Монако и е претставена како најтивка јахта од оваа врста.
Има три палуби и многу моќен изглед, елегантна силуета искомбинирана со интересна палета од златни нијанси. Многу е моќна и кога збориме за брзината, може да крстари од 18 чворови и да забрза до 21. Дури и тогаш кога ќе ја достигне својата максимална брзина, нивото на бучност и вибрација е доста ниско во однос на другите јахти.

