1. Руска мафија
Денес има околу 500.000 членови, нејзиното влијание расте вртоглаво и со огромна брзина се шири во речиси сите земји на светот. Се проценува дека денес ова мафијашка организација со “кумови” на чело, контролаат од 60 до 70 отсто од руската економија. Руската мафија управува со проституцијата во Макао и Кина, трговијата со дрога во Узбекистан и Таџикистан, перењето пари во Кипар и Израел, шверц на странци во Шведска, перење пари, кражба на автомобили, шверц на нуклеарни материјали, шверц со оружје и проституција во Германија, перење пари во Белгија и Велика Британија, избегнување на плаќање на даноци за гориво, кражба на автомобили и накит, организирани кражби во продавници, платени убиства, шверц со оружје, производство на кристализиран кокаин, перење пари и проституција во САД и кражба на автомобили и накит во Канада.

2. Италијанска мафија
Една од најпознатите во светот, чии што корени датираат од втората половина на 19-ти век, а на местото на нејзиното формирање е Сицилија. Има околу 4.000 членови, главно од десетина семејства, но со огромен број на “соработници” и претставува една од најжилавите организации, која сеуште работи во САД, Франција, Германија, Белгија, Холандија… Членовите се подложени на ритуал кој што подразбира извршување на убиство. Извор на приход им е трговијата со кокаин и хероин, а тесно се поврзани со Колумбијците. Исто така, позната е по големото влијание врз економијата и поткупот на политичари и судии.

