Листата со свадбени суеверија е навистина долга и секогаш може да пропуштите нешто, па затоа е најдобро да се опуштите и уживате.
Суеверијата се втемелени во свеста на луѓето дури од древноста. Со текот на времето тие се менуваат и често луѓето не го знаат нивното значење, но продолжуваат да почитуваат определени норми.
Едни од поинтересните суеверија поврзани со свадбата се:
-
Младоженецот не смее да го види фустанот на невестата пред свадбата
-
Ноќта пред свадбата невестата и младоженецот не смеет да бидат заедно
-
Невестата прагот треба да премине прагот со десната нога
-
На патот до црквата не треба да се пресекува патот на невестата и младоженецот
-
Кој прв ќе стапне на тепихот пред олтарот ќе командува во семејството
-
Невестата треба да се чува, за да не се види со друга невеста, а ако се случи тоа двете треба да си разменат по нешто
-
Бројот на бонбончињата кои кумата ги фрла пред црквата треба да биде непарен
-
Невестата треба да внимава да не се споне кога го поминува прагот на новиот дом, затоа е подобро младоженецот да ја пренесе на раце
-
Свадбениот фустан не треба да се пере во првата година од бракотЛистата со свадбени суеверија е навистина долга и секогаш може да пропуштите нешто, па затоа е најдобро да се опуштите и уживате. Не се оптеретувајте секој потег како ќе се протолкува. Секогаш ќе има добронамерни и злонамерни гости. Важно е вие да се чувствувате убаво и да бидете среќни.
