Кривите патеки водат до главната зграда која е целосно застаклена со панели што ја следат заоблената форма и носат светлина од сите правци.
Изградена во форма на облаци, капелата Cloud of Luster во јапонскиот град Химеј е идеално место за оние кои сакаат да започнат еден од најважните денови во нивните животи на уникатна локација.
Зграда „лебди“ меѓу земјата и небото и чека да бидат напишани првите страници од нечиј живот заедно.
Архитектурата на капелата е сè што свадбата по дефиниција треба да претставува: раскош и гламур, радост и ведрина, соништа и надеж прикажани преку имагинативната форма на капелата, преку транспарентност, леснотија и рефлексија.
Новата, футуристичка капела зафаќа површина од 245 квадратни метри и е дел од церемонијалната сала за венчавки La-Vienne на островот Хоншу. Нејзиниот дизајн е потпишан од KTX ArchiLAB.
Капелата е опкружена со вода, создавајќи илузија дека зградата нежно лебди на нејзината површина. Кривите патеки водат до главната зграда која е целосно застаклена со панели кои ја следат формата и пропуштаат светлина од сите страни. Само помалиот простор во кој се сместени оргулите е засолнет со бел ѕид.
Во Јапонија постои посебно име за патеката што води кон олтарот, а тоа е „девствениот пат“. Патеката во капелата Cloud of Luster е составена од стаклени панели со позадинско осветлување, а остатокот од подот е изработен од смола и стаклени топчиња што светкаат на светлината.