Bridal

Најдобрите дизајнери за венчаници!

Jenny Packham

Изглед: Coco Chanel на венчаниците, многу невести ја одбираат Jenny Packham месеци (а можеби и години) пред свадбите. Гламурозна и елегантна, Packham е мајсторка на ласкави невестински дизајни.

Идеална за: Невести како Halle Berry и Kim Sears ја одбрале Jenny Packham за нивните најважни денови и без разлика дали се работи за градска или селска прослава, Jenny ќе ви направи фустан во кој ќе изгледате прекрасно.

Hermione De Paula

Изглед: Британката Hermione работела за Dior, Galliano, McQueen и Giles пред да ја издаде својата невестинска линија. Мотивите се инспирирани од цветните англиски градини, со романтични мотиви.

Идеални за: Летни свадби во англиските области. Шареноликите материјали им додаваат дополнителна драма на нејзините креации.

Alice Temperley

Изглед: Романтично и женствено, токму како што се очекува од омилената британска дизајнерка, венчаниците на Temperley се изработени од најубавите тулови, свила и чипки со везови со цветни мотиви.

Идеални за: Бохо свадба на отворено.  

Sassi Holford

Изглед: Рачно изработени, Sassi го има совршениот фустан за секоја невеста. Долгите ракави и високата крагна се работите кои ги прават овие венчаници најелегантни во целиот свет.

Идеални за: Во колекциите на Sassi има модели за сечиј вкус. Најмногу за оние невести кои сакаат да влезат во нешто удобно во кое ќе можат да танцуваат цела вечер.

Amanda Wakeley

Изглед: Препознатлива по воодушевувачките едноставни и елегантни свилени модели, Amanda Wakeley креира венчаници кои го одземаат здивот и кои навестуваат романса.

Идеални за: Подеднакво убави за градска свадба или за пловидба по море за свадбена дестинација.

Charlie Brear

Изглед: Линијата на севернолондонската дизајнерка се родила од ретро венчаниците, па нејзините креации ја рефлектираат љубовта кон интересното, игривото… Таа се труди нејзините невести да изгледаат фантастично.

Идеални за: Бохо невести кои сакаат да изгледаат уникатно.

Elie Saab

Изглед: Освен крециите за висока мода, сега можете да дојдете до венчаниците на Elie Saab и во неколку бутици. Очекувајте многу чипка и зачудувачка романса.

Идеални за: Класична урбана или свадба во градина. Дизајнерката исто така има многу аксесоари за невести кои ќе ве направат да изгледате совршено за вашиот голем ден.

Vera Wang

Изглед: Американската дизајнерка на венчаници Vera Wang со години се наоѓа на врвот на многу желби на идните невести. Позната по тоа што креира неверојатни традиционални фустани со современа нишка, дизајните на Wang се често веднаш препознатливи.

Идеални за: Декадентни градски прослави.

Vivienne Westwood

Изглед:  Направени по мерка, дизајните на Vivienne Westwood го одразуваат нејзиното класично Британско наследство. Со елегантна свила и корсети, со илјадници слоеви на тул во долниот дел за поголем волумен.

Идеални за: Невести шгто сакаат рокенрол изглед на нивниот ден.

Carolina Herrera

Изглед: Дизајните на Carolina Herrera секогаш ја рефлектираат нејзината визија за модерната невеста.

Идеални за: Традиционални невести

Напиши коментар