Доаѓа сезоната на венчавки. Повторно некои од нас ќе бидат приморани да скокнат во фустаните со дречливи бои и стрпливо ќе мораат да позираат. Дали некогаш сте имале улога на деверуша? Доколку не, ќе имате прилика, а ние ви подготвивме неколку фустани со кои би сакале да ви ја разрешиме дилемата, што да облечете во тој случај….
Честа да се биде деверуша, е голема, бидејки, невестата и не ве одбрала туку така, за тоа. Вие сте и една од најблиските , кои ќе бидат до неа на тој најубав ден.
Да се биде добра деверица значи, да се даде целосна поддршка и да се направи се за да и се излезе во пресрет на невестата.
Затоа, и ние се потрудивжме да ви овозможиме да уживате, со изборот на ове примери на дизајни кои не се адаптирани да се облечат само за таа прилика…
Тоа се дизајните на Mori Lee, кои нудат модели од коктел должини до фомални. Во нив ќе згледате забавно, грациозно, традиционално…Кратките фустани, долгите, без бретели или со едно рамо, сите се возбудливи и прекрасни, а нудат можност да ги носите повеќе пати и да се вклопите со нив за различни прилики.




