Во секое семејство има различни начини на комуникација со детето, но речиси сите можат да се сведат на 3 основни принципи. Тоа се трите стилови: авторитетен, авторитарен и толерантен.
Авторитетни родители: иницијативни и добри деца
Авторитетни се оние родители кои го сакаат и разбираат детето. Не е во нивни стил да го казнуваат, а објаснуваат што е добро и што лошо. Не ги задоволуваат постојано детските капризи туку со мерка. Децата на овие родители се со самодоверба, со добро развиено чувство за самоконтрола. Немаат проблем со комуникацијата со други деца.
Авторитарни родители: чувствителни, нервозни, капризни, избувливи, склони кон конфликти деца. Авторитарните родители сметаат дека детето не треба да има многу права и слободи и дека треба да им се подчинува. Тие се обидуваат да создадат дисциплинирано дете без да му остават избор – ја ограничуваат неговата самостојност, го лишуваат од правата што ги имаат возрасните. Овие деца развиваат чувство на вина, страв од казна и обично се со слаба самоконтрола, ако воопшто развијат таква.
Толерантни родители: импулсивни и агресивни деца
Овие родители не го контролираат децата. Им дозволуваат да прават што сакаат. Лошото е што не обрнуваат внимание на изблиците на гнев и агресивност. Не бараат од детето одговорност. Ваквиот тип воспитување никогаш нема да го натера детето да ги усвои општествените норми на поведение, нема да формира самоконтрола и чувство за одговорност.
Зошто е важно да ги познавате трите стила? Зошто неправилно избраниот стил од вас може да доведе до:
– Задушување на емоциите и творечката способност кај детето,
– Кочница на развојот на неговите вродени способности,
– Гушење на неговата индивидуалност,
– Лишување на детето од неопходните животни навики
