Prison brake

10 Најлуди експерименти на луѓе! Монструми насекаде и одсекогаш! III дел

6. Гнасниот проект

Вооружената апартхајд армија на Јужна Африка која се состоела од белци лезбејки и геј војници била подложена на операции за промена на полот во 70-тите и 80-тите години на минатиот век, а многу војници биле жртви на кастрирање, електрични шокови и други неетички медицински експерименти. Иако точната бројка не се знае, поранешните апартхејд хирурзи велат дека се работи за околу 900 принудени операции за промена на полот извршени помеѓу 1971 и 1989 година во воените болници. Ова програма била строга тајна со цел да се искорени хомосексуалноста од војската.

Сомнителните хомосексуалци биле праќани на психијатар. Оние што не можеле да бидат „излечени“ со лекарства, со шок терапија и на други психијатриски начини  биле хемиски кастрирани или со операција им бил променет полот. Повеќето од жртвите биле бели мажи на возраст помеѓу 16 и 24 години.

Главниот предводник на проектот др. Обри Левин, денес е професор на Катедрата за психијатрија на медицинскиот факултет во Калгари, Канада, а работи и приватно.

5. Севернокорејскиот експеримент

Извештаите покажуваат дека во Северна Кореја се направени експерименти слични на нацистичките и јапонските во текот на Втората светска војна. Овие обвинувања ги демантира корејската влада, која тврди дека сите затвореници во Кореја се хумано третирани.

Една Корејка (50), поранешна затвореничка, тврди како биле одбрани 50 здрави жени затворенички и потоа им биле дадени отровни лисја од зелка кои морале да ги изедат. Сите 50 биле мртви по 20 минути повраќање крв и анално крварење. Ако одбиеле да јадат, им се заканувале со одмазда врз нивните семејства.

Поранешниот прв човек на затворот во Кореја ги опишува лабораториите во затворот. Вели дека се опремени со отровен гас, со гас за задушување и со експерименти за крв. Најчесто по тројца или четворица, или цело семејство биле жртвите на еден експеримент. И тој самиот еднаш гледал преку стаклото како на едно семејство му пуштаат гас и како еден по еден сите се задушуваат обидувајќи се со вештачко дишење да си помогнат еден на друг.

Напиши коментар