Bridal

Најслаткиот дел од свадбите – невестински торти

Секоја свадбена церемонија не може ни да се замисли без свадбена торта. Свадбената, односно невестинската торта, се сече на крајот од свадбената церемонија. Младенците првото парче го сечат заедно, а потоа се хранат еден со друг.

Во денешно време, свадбените торти се на неколку ката и се навистина прекрасни. Тие може да бидат нежни или пак гламурозно украсени, во зависност од стилот на свадбата и желбата на младоженецот и невестата.

Традицијата за свадбените торти датира уште од периодот на Римската империја. Во тоа време, станувало збор за векна леб која младоженецот ја крши врз главата на невестата како симбил за неговата доминантност во бракот. Традицијата за свадбени торти во вистинска смисла се појавува во Франција во 15 век. Според легендата, ја започнал француски готвач кој бил инспириран од англиската традиција според која младенците се обидуваат да се бакнат преку колачи без да ги бутнат на земја. Францускиот готвач решил да ги направи истите колачи и да ги нареди како кула од неколку спратови, па така се родила првата невестинка торта.

Сепак, изгледот на модерните свадбени торти потекнува од 20 век, кога биле измислена и техниката за нивно правење, како фонданот, глазурата и техниката за рамномерно распоредување на тежината на тортата.

Денес може да имате свадбена торта во било која големина и форма. Ви претставуваме неколку предлози кои ќе ви помогнат да изберете:

 

Напиши коментар