Prison brake

Тајните на Белата куќа од аголот на Џеки Кенеди

Сопругата на некогашниот Американски претседател Џон Кенеди, Џеки Кенеди своевремено дала едно интервју во кое ги кажува тајните на Белата куќа.

Таа се сложила на ова интервју, кое го дала на само четири месеци по смртта на претседателот, но под услов тоа интервју да биде објавено многу години подоцна.

Во своето осумчасовно интервју снимано на аудио снимка, таа вели дека претседателот Кенеди немал многу високо мислење за Линдон Џонсон и на своја сметка често се шегувал дека му се спрема атентат.

Тој велеше” О Боже, можеш ли да замислиш што би се случило со земјава кога Линдон би станал претседател”.

Таа во интервјуто со погрдни зборови им се обратила и на светските лидери. На Францускиот претседател Шарл Дегол, му се обратила со зборовите “егомаинјак” и “злобник”, додека пак за идната Индиска премиерка Индира Ганди изјавила дека е незадоволна, агресивна и страшна жена.

Го искритикувала и чуениот борец за човекови права Мартин Лутер Кинг, кој според зборовите на нејзиниот зет Роберт Кенеди, се појавил пијан на погребот на Кенеди и го исмејувал кардиналот Ричард Кашинг.

Џеки ја критикувала и сопругата на ривалот на Кенеди, Ричард Никсон. За Пет таа изјавила дека се однесувала како добро издресирано куче.

За себе Џеки вели дека не и било воопшто лесно да се омажи со некој од семејството Кенеди, бидејќи се верувало дека некој со имиџ како нејзиниот може само да му наштети на идниот претседател Кенеди.

Сите ме сметаа за сноб со натапирана коса, вели таа. Но, работите се променија откако дојдовме во Белата куќа. За односот со Џон Кенеди таа вели дека биле најблиски за време на Кубанската ракетна криза во 1962 година, кога САД и Советскиот сојуз биле на работ на војната.

“Некои функционери во тоа време своите сопруги ги праќаа на сигурно, но јас му ветив на Џон дека ќе бидам секогаш до него и го исполнив тоа.

Сепак да напоменеме дека ова интервју Џеки го дала во времето кога сите вонбрачни афери на Кенеди сеуште не и биле воопшто познати.

Напиши коментар