Ви се чини дека вашиот партнер е многу пољубезен и повесел кога е во друштво отколку кога сте сами? Постојано е на Фејсбук или Скајп, а вас нема ништо да ви каже? И покрај тоа тврди дека ве сака? Не, не сте вие виновни, за таквото однесување постои дијагноза.
Пред да стапите во брак се било совршено и одеднаш како да станавте последна дупка на кавалот. Се чувствувате непосакувано, а вашиот животен сопатник ве уверува дека нема причина за такво нешто. Можеби вие не знаете што е проблемот, но експертите знаат.
Се работи за т.н. ’анорексија на интимноста’. Овој термин потекнува од американскиот психолог Даглас Вајс, за да го опише болниот начин на повлекување во себе, кој уништува милиони бракови – воздржување на емоционалната, духовна и сексуална интимност помеѓу партнерите.
Тешко е на почетокот на врската да се открие дали вашиот партнер или вие можеби сте склони кон анорексија на интимноста, но постојат неколку знаци кои би ви помогнале навреме да се соочите со проблемот.
Премногу работа
Презафатеноста е еден од првите знаци за анорексија на интимноста. Вашиот партнер нема време за вас бидејќи е презафатен со работата или има многу хобија или пак е зафатен со домашни обврски и со пријателите.
Префрлување на вината
Кога ќе се појават проблеми во бракот кои се позрзани со интимата, најчесто вината се префрла на партнерот за да не се наруши сопствената слика или пак да не се покаже ранливост.
Скратување на комплименти
Луѓето кои се склони да се дистанцираат од своите најмили со време престануваат да ги препознаваат квалитетите на својот партнер и се фокусираат само на неговите маани.
Ускратување на секс
Ова е исто така еден од првите знаци за таквиот проблем. „Некои луѓе спијат во заеднички кревет и по 20 години без да се допрат“, вели Даглас Вајс.
Криење на чувствата
Партнерот не сака со вас да ги сподели своите ставови, желби, соништа и стравови поврзани со вашата врска.
Критицизам
Луѓето кои постојано се обидуваат да одржат дистанца меѓу себе и партнерот, секогаш полесно ќе ги истакнуваат неговите негативни отколку позитивни страни.

1 Comment
Citaj, mozebi I ke ti pomogneme….