← НАЗАД НА БОЗА

Венчавка во Централ Парк во Њујорк! Како од бајките…

Венчавка во Централ Парк во Њујорк! Како од бајките…
1684 Читања

Сонувате за венчавка како од приказните??? Централ Парк е вистинското место за вас! Оваа огромна градина е срцето на најголемата џунгла од асфалт во светот – Њујорк.

Централ Парк е најголемиот јавен парк во државата Њујорк, и има годишен буџет од 38 милиони долари! Неговата изградба започнала во 1857, а во 1963 е проглесен за историски споменик.

Годишно Централ Парк го посетуваат 25 милиони луѓе, а се проценува дека во паркот се организираат преку 3000 венчавки.

Централ Парк е едно од најромантичните места за вашата венчавка, во било кое годишно време. Дозволата за да се венчате таму чини околу 400 долари, со додатни 100 долари за фотографирање.

Во Централ Парк ќе најдете многу локации кои нудат извонредно опкружување за уникатни фотографии. Доколку сакате, може да изнајмите едно од локациите и да ја организирате вашата свадбена забава токму таму. Дел од местата кои се нудат се: Павиљонот за дами, Чери Хил, Седар Хил, Белведере Плаза, Боу Бриџ, Коп Кот, Конзерватори гарден, Самит Рок, Шекспир гарден и други.

Доколку решите да се венчате во САД, Централ Парк е вистинското место за вашата романитчна свадба. Дотогаш, погледнете ги овие фотографии од венчавки во срцето на Њујорк и уживајте!

 

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk