Prison brake

“Војна на световите” – радио емисија која предизвика паника и хистерија

10те најголеми светски измами

1. Војна на световите

Радио драмата на Х. Џ. Велс “Војна на световите” од 1938 година остана запаметена како најголема измама во забавната индустрија. Емисијата предизвика масовна хистерија и паника кај слушателите. Преносот беше во текот на Ноќта на вештерките, а во улога на режисер и наратор се најде познатиот актер Орсон Велс.

Драмата беше претставена во форма на специјални вести кои ја прекинаа временската прогноза, поради што многумина веруваа дека станува збор за инвазија од страна на Марсовци. Се проценува дека околу шест милиони луѓе ја слушаа радио емисија, во текот на која вознемирените граѓани непрекинато ѕвонеа на телефонските броеви во полициските станици. Во еден мал град во државата Вашингтон, во текот на емисијата дојде до пад на напојувањето на електрична енергија, поради што граѓаните се наоружаа со огнено оружје и се упатија кон планините. После бурните реакции за шоуто, радиото Си-Би-Ес вети дека никогаш повеќе нема да стори такво нешто.

Write A Comment