Заради разни зарази бременоста на жената е продолжена на девет месеци, заклучила група истражувачи чии истражувања се објавени во научното спосание “Nature Genetics“
Научниците кои дошле до ова сознание ги испитувале келиите на матката кај различни животни и кај човекот. Истакнале дека можеби звучи чудно ако некој каже дека пред 100 милиони години човековите предци биле заразени со паразитски дел од ДНК кој потоа се кoпирал и се залепил за геномите (група гени) и дека сето тоа резултирало со продолжувањето на бременоста кај луѓето во денешно време.
Делот од ДНК- МЕР 20 помага во активирање на гените кои овозможуваат лачење на пролактин, супстанција важна за бременоста. Тоа помага во регулирање на стотина гени поврзани со хормоните естроген и прогестерон, со чија помош матката издржува подолга и посложена бременот.
