Највисоките езера во светот
9. Езерото Титикака, Боливија и Перу (3.812 метри надморска височина)
Езерото Титикака на границата на Боливија и Перу се наоѓа на надморска височина од 3.812 метри. Понекогаш луѓето прават грешка, ова не е највисокото езеро во светот, туку најголемото пловно езеро во светот (кога кажуваме пловно, мислиме на големи бродови и чамци). На неколку делови езерото е со длабочина од 1.200 метри, така што по него лесно може да пловат најголемите бродови, со површина од 8.300 квадратни километри.
Езерото е именуван по дивите мачки “тити” кои се населени на езерските острови. Титикака било свето место за цивилизацијата на Инките. Наводно првиот крал на Инките бил роден овде, а судејќи по нивната митологија, Титикака е местото каде што е иницирано создавањето на светот од Богот Виракоца.

