← НАЗАД НА БОЗА

Фактите за серискиот убиец Чарлс Менсон

Фактите за серискиот убиец Чарлс Менсон
1308 Читања

Управата на калифорнискиот затвор во кој е сместен серискиот убиец Чарлс Менсон ја објавила неговата најнова фотографија.

77 годишниот Менсон денеска има седа коса и долга брада, како и кукаст крс истетовиран на челото.

Фотографијата е објавена пред неговото 12-то сослушување пред одборот за пуштање на условна слобода.

За тоа ќе се одлучува на 11 април, а како мало потсетување, тој беше осуден на смртна казна, која потоа беше променета во доживотна робија, поради тоа што државата Калифорнија во меѓувреме го променила законот.

Молбата за помилување му била 11 пати одбивана поради лошото однесување во затвор. Само во последните пет години тој бил неколку пати казнуван поради напад на чувари и поседување на оружје.

Менсон своевремено управувал со членовите на комуната „The Family“  и со нив во август 1969 година уби осум луѓе, меѓу кои и сопругата на режисерот Роман Полнаски, актерката Шерон Тејт.

 

 

 

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk