← НАЗАД НА БОЗА

„Ќе добиеш братче/сестричка!!!“ – веста која кај Вашето најмило бара внимание

„Ќе добиеш братче/сестричка!!!“ – веста која кај Вашето најмило бара внимание
625 Читања

Родителите неретко се соочуваат со проблемот кој се јавува кога ќе се одлучат да добијат уште едно дете. Поголемите дечиња често не можат веднаш да го прифатат своето ново братче или сестриче, бидејќи имаат чувство дека повеќе не се најважната личност во животот на своите родители. Секако, после некое време, Вашето дете ќе научи да го сака новото бебе, а Вие можете да научите да научите некои работи, за тоа да се случи што побргу…

Дозволете, Вашето дете да биде во тек со Вашата бременост. Објаснете му дека Вашето семејство ќе добие уште еден член, пред сé, дека тоа ќе биде негово братче или сестриче, со кое ќе може да си игра и да го помине слободното време.

Вклучете го Вашето најмило во бременоста, така што ќе му објасните дека Вашиот стомак расте и кога бебето ќе дојде на свет.

Дозволете му да ја одбере количката, првото бебешко одело или креветчето. На некој начин направете да учествува во купувањето на првите нешта потребни за бебето или во опремувањето на детската соба.

Повеќето деца се сретнуваат со чувството на љубомора кога роднините и пријателите доаѓаат да го видат бебето, а не обрнуваат внимание на миленикот кој бил центар на вниманието, пред да дојде на свет новото бебе. Затоа, објаснете им дека потребно е кога ќе доаѓаат на гости, да донесат подарок и за Вашето поголемо дете… Или, во овие моменти Вие посветете се повеќе кон него. Одвојте некое време само за Вас и него…

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk