Најновата колекција на венчаници од Кавијано Кутур наменета за престојната сезона се одликува со нежност, отменост и едноставна убавина.
Колекцијата насловена како „Колку е убава вашата љубов“ е со потпис на дизајнерката Анет Турмон и беше промовирана токму на Денот на Вљубените.
Венчаниците од оваа колекција се наменети за нежни и романтични невести кои сакаат да изгледаат елегантно на својата мала церемонија.