10 пронајдоци кои луѓе со нетрпение чекаат да бидат достапни
1. Колонизација на океанот
Колонизација на океанот претставува теорија дека луѓето ќе почнат да го населуваат океанот и океанското дно. Ваквите населби би можеле да пловат по океанот, би биле прицврстени на неговото дно или би биле поставени во средината помеѓу површината и дното. Некои од предностите на оваа колонизација претставува експанзијата на животната површина, полесен пристап до подводните ресурси и формирање на микронација.
Дали е ова возможно? Да, но мора да се земе во предвид економската реалност. За да биде самоодржлива, колонијата мора на некој начин да создава нешто со што би обезбедувала сопствен приход / придонеси. Иако може да се задржат трошоците за купување на земјиште и плаќањето на даноците, структурите кои што пловат на средина на океанот имаат и сопствени трошоци. Една опција е како извор на електрична енергија да се генерира моќта на плимата и осеката.
