Рон Фугелсет и неговиот четири годишен син Џејден уживаат во малку интернет слава откако дуото го лансираше возот-играчка на Џејден во стратосферата.
Фугелсет изјавил дека бил инспириран тоа да го направи откако видел слично видео со Лего фигура. Тие користеле камера и балон, а возот бил прикачен на шипка. За текот на возењето се изгубил контактот со возот, брзо по лансирањето. Но, четири часа подоцна повторно се јавил GPS сигналот.
