Prison brake

Најголемите нарко босови – Пабло Ескобар

Pablo Emilio Escobar Gaviria

Pablo Emilio Escobar Gaviria (1 декември 1949 година – 2 декември 1993 година) е колумбиски нарко дилер. Ескобар се здоби со својата слава во трговијата со дрога и во 1987 година списанието Forbes го рангираше како седми најбогат човек во светот со богатство од речиси 9 билиони долари. Во 1989 магазинот Forbes го процени богатството на Escobar на околу 25 билиони долари, додека неговиот Картел Medellín контролираше дури 80% од глобалниот пазар на кокаин. Иако, за Американската и Колумбиската влада претставуваше еден од најголемите непријатели, Ескобар за многумина беше херој, а особено за сиромашните луѓе; тој се обидуваше да создаде подобри услови за сиромашните луѓе во Колумбија.

Огромен љубител на спортот; имаше изградено фудбалски игралишта и повеќе наменски спортски игралишта, како и спонзорирање на тимови во фудбалската лига. Војната против Ескобар заврши на 2 декември 1993 година, додека тој се обидуваше да избега од колумбиската полиција. Со помош на радио триангуларната технологија обезбедена од страна на САД, Колумбиските власти успеаа да ја пронајдат локацијата каде се криеше. Ескобар заедно со неговиот телохранител, се обидoa да избегаaт со трчање низ покривите на околните куќи, со цел да стигнат до главната улица, но и двајцата беа убиени од страна на колумбиската национална полиција.

Напиши коментар