← НАЗАД НА БОЗА

Првата наместена фотографија?!

Првата наместена фотографија?!
1004 Читања

Errol Morris кој работи на документарци можно е да ја открил првата „лажна“ фотографија, слика од воен период 1855 година.

Сликата е од времето на Кримската војна и покажува патека со испукани топки од топови. Самата кримска војна била позната како првата „модерна“ војна, бидејќи се користеле современи комуникациски технологии (телеграф) и оружје, но и користењето на фотографии. И фотографииите од војната се сметаат за едни од првите документирања на војувањето.

Сомнежот постои затоа што има уште една фотографија сликана од истото место на која ги нема топките.

Како дел од дискусијата за тоа дали оваа фотографија е  наместена, е и дебатата дали овие испукани топки се рециклираат и користат одново. По подолго споредување на двете фотографии, дожле до заклучок дека сликата без топки е првата слика, оригиналната. Потоа испуканите топки од топовите се донесени и сместени на патот. Иако не е позната точната причина за ова, се претпоставува дека се целело кон создавање на емотивна слика за она што се случувало на воените полиња во близина.

 

 

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk