Motherhood

Разговарајте отворено со децата за сексот

Треба да знаете дека интересот кај детето за секс е сосема природна појава предизвикана од биолошкиот часовник. А тој започнува да отчукува не во тинејџерската возраст, туку многу порано.

Вистинскиот момент

Вистински е секој момент кога во детската свест ќе се појави прашањето за потеклото на бебињата или пак мигот кога ќе видите како вашиот наследник се проучува сам себе си. Сексуалното просветлување е непрекинат и долг процес кој започнува заедно со запознавањето на светот во рано детство и продолжува цел живот.

Не измислувајте легенди

Не раскужавјте приказки за штркот и не употребувајте измислени термини – тоа само ќе го збуни детето кое ќе остане со впечатокот  дека темата за секс е забраната и срамна, што понатака е честа причина за разни форми сексуални комплекси  и проблеми.

Малото дете

Слободно можете да раскажете зошто се гушкате и бакнувате со неговиот татко, дека тоа е еден прекрасен дел од љубовта која се изразува на многу начини. Детето треба да знае дека вие го разбирате и одобрувате неговиот интерес кон сопственото тело и дека тоа е сосема во ред.

Големо дете

Немојте  да мислите дека разговорот за секс ќе предизвика излишен интерес и активност. Бидете смирени, грешките во сексот доаѓаат не од сексуалната просветленост, туку токму од незнање.

Важно е тинејџерот да разбере дека при секс дозволува тој некој да допре и да влезе во неговата душа што воопшто не е мала работа.  Нека знае дека нема потреба да брза. Дека најпрво треба да се увери во чувствата на човекот до себе.

Write A Comment