Prison brake

Тристан де Куња – остров кој ќе го посакате за ваш дом

Петте најоддалечени населени тропкси острови

Островот Тристан де Куња можеби на мапата се гледа како да е многу блиску до Света Елена, и иако припаѓа во негова групација сепак тој е на огромна оддалеченост. Од островот Света Елена, овој остров е оддалечен на 2.430 км. Од Јужна Африка е оддалечен 2.800 км, а од Јужна Америка 3.300 км. Со тоа ова е најоддалечениот остров на светот. На него живеат 269 жители.

Тристан де Куња е пронајден од морепловецот, кој на островот го дал сопственото име, уште во 1506 година. Тој поради лошите временски услови не можел да зачекори на овој остров, па затоа се смета дека први кои зачекориле дури во 1767 година. Првите населби се формирале за време на прогонувањето на Наполеон Бонапарта.

Денес главните приходи на овој остров се остваруваат од земјоделството, а на потенцијалните емиграти не им е дозволено да купуваат земјиште и да се населуваат. Исто така треба и многу време и документи за да добиете дозвола да го посетите овој остров, па ако планирате да го посетите планирајте дека ќе ви биде потребна една година за да ја соберете потребната документација.

Жителите на овој остров имаат можност да уживаат во неколку ТВ канали, имаат телефонска линија, училиште кое брои 5 училници и опремено е со интернет. А поштата ја добиваат речиси десет пати во годината преку бродскиот сообраќај.

 

Напиши коментар