Prison brake

Зошто на мажите треба да им ги погледнете прстите?

Истражувањето на канадскиот Универзитет Конкорди покажало дека мажите со подолг домал прст имаат подлабок паричник.

Научниците, должината на прстите ги мереле на 415 мажи и жени и ги споредувале со нивните карактерни особини. Се воспоставило дека колку е подолг домалиот прст во однос на останатите, особено во однос со показалецот, постои поголема шанса да заработи повеќе пари.

Подолг “домал” прст укажува и на вреден маж кој не знае за “НЕ”, без оглед на тоа дали се работи за потпишување на договори или освојување на женското срце.

Исти резултати дало и истражувањето на Универзитетот Кембриџ. Всушност, оние лондонски банкари кои имале подолг домал прст, биле поуспешни во работата. Тие, исто така, биле порешителни во преземање ризици и побрзи во реакциите за време на промените на пазарот.

Меѓутоа, ова не е случај и кај жените.

Напиши коментар