Motherhood

6 едноставни правила за среќен брак

Не е тајна дека среќниот семеен живот е плод на тежок труд и секојдневно вложување во врската.

За одлични взаимни односи во љубовното гнездо треба на прво место да не ги критикувате родителите на партнерот.

На второ место, во никаков случај не пробувајте да раздавате заповеди, туку само совети и евентуално благи критики.

Многу важно е да оставите партнерот да прави што сака и да не се мешате во неговиот процес на земање сопствено решение.

Освен заедничките интереси треба да имате и заеднички одговорности и да не оставате се на грбот на партнерот.

Следно правило: споделување премногу лични работи со трети лица е строго забрането, дури и да се пријатели или членови на семејството. Тоа ја разнишува довербата и ги повредува чувствата на партнерот.

И на крај, дури и околностите да се такви, никогаш не го заплашувајте партнерот или партнерката со развод, зошто според последните анализи само кажаниот збор ги зголемува шансите реално да дојде до тоа.

Напиши коментар