Како во бајката “Снежана и седумте џуџиња”, шверцери од Кина и Хонг Конг ископале тунел, а двата краја ги поврзуваат шините на кои патуваат таблети и компјутери.
Вториот дел на тунелот кој е долг околу 40 метри, завршува во шума од трски.
Целосно професионално ископан, бетонскиот тунел има вентилација, светлина…
Се проценува дека целиот проект околу изградбата на тунелот чинел околу половина милион долари, а изградбата траела околу четири месеци.
Граничната полиција го открила тунелот пред една недела, а во живеалиштата кои се наоѓаат во близина се зборува дека бучавата се слушала само една или две ноќи, но дека сите се сомневале дека нешто се реновира.
