Prison brake

Го фрлиле бебето во чучавец и пуштиле вода! (Видео)

Пекинг – Едно новородено момче во Кина е спасено од канализациона цевка откако некој го фрлил во тоалет и пуштил вода, пренесуваат кинеските државни медиуми.

За среќа бебето преживеало, а личноста што го фрлила се сомничи за обид за убиство.

Станарите од зградата повикале пожарникари откако од чучавецот на четвртиот кат слушнале плач од бебе, за кое се вели дека било старо само 2 дена.

Обидите момчето да биде извлечено од тоалетот во почетокот биле неуспешни, но пожарникарите набрзо исекле дел од канализационата цевка во која се наоѓало детето и го однеле во локалната болница. Бебето е сместено во инкубатор и сега е во стабила состојба, а полицијата и понатаму е во потрага по неговите родители.

http://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=koOkSmLxWrg

Напиши коментар