Prison brake

Како во хорор филм – Чудовиште искасапило 42 овци во Хондурас

Со векови кружат гласини за Чупакабрата, мистериозно чудовиште чие постоење никогаш не е потврдено, а кои се раширени по Средна Америка, сега добиле нов подсек, откако 42 овци биле искасапени на имотот на еден регионален политичар во Хондурас.

Целото случување се одиграло ноќе. Работниците на имотот околу пет часот наутро затекнале ужасна сцена, заклани овци, но не и изедени. Некои искрвариле до смрт, а 10 биле повредени.

Конгресменот Валентин Суарез, кој го поседува имотот, прецизира дека во стадото имало 200 животни.

–          На имотот имам кучиња и стражари, но ниту еден глас ниту звук никој не слушнал-вели тој.

Многу луѓе се убедени дека е во прашање Чупакабра.

Во прилог погледнете ја наводната снимка од Чупакабрата направен пред четири години!

 

 

Напиши коментар