Prison brake

Каква среќничка: Се породила во сон!

Откако ги вратиле од породилната болница со дијагноза “лажна тревога”, во доцните ноќни часови трудницата Сара Пирсон го разбудила својот невенчан сопруг со зборовите “ Мили, нешто не е во ред”. До моментот кога оваа дваесетипетгогодишна трудница сватила што се случува во нејзиниот стомак, главата на бебето веќе излегла надвор. Малиот Чарли бил спремен да го поздрави овој свет.

–          Таа вечер нормално легнавме да спиеме и некаде по полноќ Сара ме разбуди и ми рече дека се чувствува чудно. Кога погледнав долу, имаше што да видам. Под ноќницата се ндзираше главата на бебето! – ја почна својата приказна гордиот татко.

Сепак Грејм не дозволил да го надвладее паниката, па веднаш повикал дежурна бабица која му објаснила дека мора да спреми пешкири, топла вода и постојано му кажувала што треба да прави. Додека чекале да дојде брзата помош, малиот Чарли веќе почнал да цица.

–          На почетоткот многу се исплашив, но потоа инстиктите проработеа. Во суштина, не можев јас нешто многу тука да направам. Сара го направи најголемиот дел од работата . Јас само го избањав и се погрижив за папочната врвца. Се гордеам со Сара. На лекарите им остана само да утврдат дали Чарли е совршено здраво бебе, тешко 3 килограми и 100 грама.

Write A Comment