Prison brake

Киднапирал и силувал 5 годишно девојче!

Девојчето се бори за живот откако нејзиниот сосед ја киднапирал и 4 дена најсурово ја злоставувал.

Њу Дехи – уште еден морбиден случај!

Девојчето е киднапирано од страна на нејзиниот комшија додека си играла во дворот, а спасена е благодарение на случаен минувач кој ја слушнал како плаче и моли за помош.

Лекарите велат дека девојчето е во многу тешка здравствена состојба. Врз основа на повредите се верува дека киднаперот повеќе пати ја силувал, а во гениталиите на девојчето се пронајдени и предмети.

Доктор Р. К. Бансал кој го прегледувал детето вели дека ова е најлошиот случај на силовање што некогаш го видел.

Напиши коментар