← НАЗАД НА БОЗА

Кучето кое ги освои срцата на милиони луѓе ширум светот!

Кучето кое ги освои срцата на милиони луѓе ширум светот!
489 Читања

Пред една година оваа фотографија го заобиколи светот и допре до срцата на милони љубители на кучиња ширум светот. Кучето кое се наоѓа на оваа слика неодамна го прослави својот 20. роденден.

Кучето, чие име е Шеп, страда од артритис со кој тешко се бори, па неговиот сопственик Џон Унгер секојдневно го капе во локалното езеро за да може да заспие. Прочуената фотографија ја снимила пријателката на Џон на езерото Супериор.

Оваа фотографија е сведок за една трогателна приказна за нераздвојното пријателство помеѓу човекот и кучето. Целиот живот го поминале заедно, а кога кучето се разболело, Џон направил се за да му помогне и да му ги олесни болките. Затоа секојдневно го капел во езерото, бидејќи млаката вода била добра за неговите коски.

Кучето и покрај болеста покажало силна желба за живот, а благодарејќи на љубовта и вниманието на својот сопственик, го доживеа и својот 20. роденден.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk