Prison brake

Мерлинка не е природна убавица?!

Конечно ја откривме тајната на Мерлин Монро. Нејзината убавина не е само природна, се вмешале  и прсти односно пластична хирургија. Објавен е сет од шест ренгенски снимки кои докажуваат дека секс симболот од шеесетите години претрпела операција на брадата, а како доказ постои и лекарска документација. Сите документи, следниот месец ќе бидат ставени на аукција и се очекува цена помеѓу 15.000 и 30.000 долари.

Комплетот ренгенски снимки сведочи дека убавата Мерлин своите филмски хитови “Како да се омажиш за милионер” и ”Некој тоа го сака жешко” ги снимала со нова брада.

Лекарските забелешки ги потпишал холивудскиот пластичен хирург Мајкл Гурдин, а Мартин Нолан- директор на аукциската куќа на која ќе се стават на лицитација Мерлиновите ренгенски снимки изјави:

–      Никој не веруваше дека Мерлин се оперирала, сите зборуваа нешто во врска со тоа, но мислам дека луѓето секогаш веруваа во нејзината природна убавина. Впрочем, во тоа време, пластичните операции не се правеле во толкава мера како и денес. Но, нашиот анонимен извор ни ги достави овие докази.

Споменатите ренгенски снимки биле направени 1962 година, откако Мерлин паднала во својата куќа и ја повредила главата.

Два месеци подоцна починала од предозирање на таблети.

Напиши коментар