Сигурно не сте чуле за името Марта Мејсон, едвај ја знаете историјата на оваа жена… А вреди да ја дознаете, бидејќи тоа ќе ве потресе!
Неверојатно е како моќта на човечкиот дух е способна на нечовечки нешта.
Неверојатно е како жедта за живот може да ги победи и најжестоките удари на судбината.
Кога има 11 години, Марта се разболува од детска парализа и тоа засекогаш го менува нејзиниот живот. Малку пред тоа да се случи, нејзиниот брат умира од истата болест. Таа сепак преживува. Преживува, иако цената која се плаќа за да може да си зема голтка од животот секој миг, е превисока.
Веќе 61 година Марта Мејсон е врзана неподвижно за специјална метална цевка. Таа го собира целото нејзино тело, што е сосема неподвижно, а функцијата и е да ги управува нејзините бели дробови.
Оваа жена е премногу слаба за да може да дише сама, но во исто време е нечовечки силна, за да не престане да ужива во животот.
Марта успева да заврши високо образование, таа дури напиша книга со помош на специјален софтвер кој и го препознава гласот. Таа не е одвоена од светот, напротив. Во домот на Марта е секогаш весело, бидејќи нејзините забави се незаборавни…
Пријатели, ја делиме со вас оваа приказна не само за да ви покажеме дека ако човек верува, сака и се бори, тој е способен на чуда. Ја делиме со вас за ви кажеме дека дури и во најтешките ситуации можеме да најдеме причина за среќа. Не престанувајте да ја барате и Живеете!
