Bridal

Новата колекција на венчаници од Roland Mouret

Францускиот дизајнер Roland Mouret чии фустани ги носеа Камерон Дијаз, Меган Фокс и Викторија Бекам, создал колекција на венчални фустани. Наречена „The White Collection!“, оваа линија фустани вклучува елегантни и софистицирани фустани, како и шик кратки фустани.

Но без оглед на меките елегантни силуети фустаните од овој дизајнер се посексапилни од класичните венчални фустани.

“Сакав да создадам нешто што е само за невестата и нејзиниот партнер, еден на еден приватен однос со фустанот – не само нешто со што ќе ги задоволи пријателите и семејството. Сакам моите венчаници да бидат малку секси”, вели тој.

Опсегот од пет стилови доаѓа со цени од 1600 до 4100 фунти. Постојат три бели фустани, и две делумно и целосно крем.

 

Напиши коментар