Пилотите на авионот на релација Лос Анџелес-Њујорк биле приморани да го спуштат авионот откако една патничка почнала да пее и не сакала да престане.
Патничката ја пеела песната на Витни Хјустон “Iwill always love you”, а подоцна запеала и уште неколку познати песни од оваа пеачка.
Оваа необична случка ја снимиле другите патници а видеото го објавиле на јутјуб.
Пилотите поради оваа патничка, која не сакала да престане да пее, биле принудени да слетаат на аеродромот во Канзас сити.
Откако го приземиле авионот, патничката ја извеле со лисици на рацете, бидејќи ги реметела членовите на екипажот. Подоцна изјавила дека така се однесувала бидејќи имала дијабетис, па поминала без казна.
http://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=kDnjA3j_v8g
