Prison brake

Последен поздрав на малата Клои пред да се удави!

Ова е последната фотографија од петгодишната Клои која се удавила додека била на одмор со своите родители во Шарм ел Шеик, Египет.

Родителите на малата Клои ја споделиле оваа фотографија од својата ќерка каде се гледа како девојчето им мафта со рачето. После само еден час откако е снимена оваа фотографија малата Клои е пронајдена на дното од базенот.

Клои на фотографијата изгледа како да се поздравува за последен пат со нас, вели мајката Сара Томпсон.

Родителите изјавиле дека во моментот кога се случила несреќата на базенот не биле присутни ни еден од спасувачите. Нејзината мајка отишла да земе пијалок, а Клои ја оставила да си игра со другарчињата во детскиот базен.

http://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=HzZrYgSg7SE

Напиши коментар