Prison brake

Потресно: Го снимила танцот со нејзиниот татко кој е на смртна постела за нејзината идна свадба

Иако бил денот на нјзината венчавка и не била дури ни верена, Рајчел Вулф минатата недела, ја средила косата, се нашминкала, облекла венчаница и станала невеста за да има можност да го одигра свадбениот танц со својот татко кој е на смртна постела.

Рејчел на овој чекор се одлучила за да има можност да го сними танцот со својот татко, кој поради рак на панкреасот нема да биде во можност да биде до неа кога ќе дојде големиот ден. Доктор Џемс Вулф кој има помалку од три месеци живот, на овој начин ќе биде со својата ќерка и во текот на нејзината вистинска венчавка која ќе се случи еден ден.

–          Има толку многу работи кои сакам да ги доживеам со мојата ќерка. На жалост, нема да бидам во можност – рекол доктор Вулф плачејќи.

Доктор Џејмс Вулф и неговата ќерка Рејчел поделиле драгоцени моменти, танцувајќи по тактовите на песната “Пепелашка”.

Write A Comment