Сосема наскоро генералниот директор и основач на Фејзбук , Марк Зукенберг ја претстави официјално новата услуга за пребарување со која социјалната мрежа ќе располага во блиска иднина.
Услугата е наречена Graph Search и ќе им овозможи на корисниците на Фејзбук побрзо и полесно пребарување во самата мрежа, како и резултати кои да одговараат возможно најадекватно на зададените критериуми.
Но треба да знаете дека оваа услуга нема да се појави веднаш, особено не кај оние корисници кои го користат Фејзбук на јазик различен од англиски.
http://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=e9EE6k39hEk
