Bridal

Величенствените венчаници на Мануел Мота

Кога зборуваме за невестински фустани, постои едно име кое секогаш се истакнува пред останатите дизајнери. Тоа е Мануел Мота. Тој е човекот што стои позади модниот гигант  Pronovias , светски познатата шпанска компанија за свадбена мода.

Она што ги издвојува моделите на Pronovias од останатите е величенственоста на кројот, ексцентричниот потпис и неповторливата женственост.

Мота секогаш ја импресионира публиката со својот авангарден стил, но никогаш не фрапира ни пак се наметнува. И повторно го докажа својот талент со претставувањето на ревијата во Барселона насловена како „Градината на мечтите“.

Напиши коментар