Портер Мабери (22), иако е висок само 165 сантиметри, или можеби баш затоа, стана еден од најголемите мајстори во закуцавање. За прв пат го дофатил кошот на 19 години, а во меѓувреме го развил и својот стил.
Пријателите, кои знаеле колку може да скокне, го наговориле да настапи на локалниот натпревар во закуцавање.
Тој прифатил, победил и тргнал во нова кариера станувајќи најнизок професионалец “куцач”.
