Prison brake

Археолозите пронашле скелет на човек заболен од рак пред 3.200 години!

Испитувањето на неговите коски покажало дека човекот, кој доаѓа од богата средина, боледувал од рак со метастази, но не можело да се утврди дали тој умрел од таа болест.

13

Археолозите во Судан откриле скелет на човек со метастазиран рак стар повеќе од 3200 години, што воедно е и најстариот скелет кој некогаш бил пронајден со ваква болест која најчесто се поврзува со современиот начин на живот.

Остатоците се на богат човек , кој бил меѓу 25 и 35 -години кога починал . Тие се пронајдени во гробница во близина на реката Нил во Судан . Коските покажуваат дека човекот имал метастатски карцином – рак. Ова е најстар сеопфатен скелет на човек , засегнат од метастази на рак , соопштија научници од универзитетот во Дурам и Британскиот музеј .

Foto: AP/Tanjug

Анализата покажа дека станува збор за малигни тумори на меките ткива , кој се шири речиси по целото тело, што го прави најстариот ” убедлив ” пример за метастатски рак , најден некогаш , велат археолозите.

Истражувачите од универзитетот во Дурам и Брианскиот музеј велат дека откритието може да помогне да се истражуваат причините за појавата на болеста во антиката и да даде повеќе информации за развојот во минатото .

Иако е една од главните причини за смртност во нашите денови , исклучително ретко археолози наидуваат на наоди на оваа болест . Тоа ги тераше научниците да верува дека ракот е болест поврзана најмногу со современиот начин на живот , но сега станува јасно дека ракот постоел во долината на реката Нил во 1200 п.н.е..

Михаела Бајндер од универзитетот во Дурам вели: “Тоа може да ни помогне да ја разбереме речиси непознатата историја на болеста. Имаме многу малку примери за своето постоење пред првото илјадалетие од новата ера.

Напиши коментар