Prison brake

Дали е ова вистинската трага до вистината за Боинг 777: Полицијата ги испитува земјоделците, производителите на тропско овошје…

Денес, во потрага по малезискиот Боинг 777 полетаа осум воени авиони и отпловија девет бродови. Временските услови се добри, а кон патот до веројатната зона на падот на авионот е и британската подморница HMS Tireless која ќе помогне во откривањето на црната кутија.

Од морето за сега се извлечени голем број на објекти, но се покажа дека ниту еден од нив не е од Боингот 777.

Во меѓувреме, малезиската полиција започна нова насока во истрагата – ги испитува сите земјоделци кои биле во контакт со испрака на овошје на летот MH370. Истражуваат дали е можно некој да поставил бомба помеѓу четирите тони на егзотично овошје.

Полицискиот инспектор Тан Сир Кхалид Абу Бакар потврди дека го истражуваат летот

Полицијата веќе ги испита семејствата на челновите на екипажот и патниците. Потврдија дека не се сомневаат за грабнување на авионот.

“Малезија нема да се откаже од потргата за исчезнатиот лет MH370”, рекол премиерот Најиб Разак.

Авионите и бродовите го пребаруваат Индискиот океан каде што веруваат дека се срушил. Фокусирани се на површина од 221.000 километри квадратни, 1500км од Перт.

 

Напиши коментар