Prison brake

Дали знаете се за фејсбук?

  • Просечен фејсбук корисник има 230 пријатели

Загрижени сте за вашата популарност? Просечниот број на пријатели на Фејсбук е 230, а жените некако успеваат да имаат двојно повеќе пријатели од мажите. И покрај огромната бројка на пријатели, поголемиот број на луѓе комуницираат само со 7 до 10 од нив.

Вашата бројка на пријатели влегува во просечните?

  • Повеќе од 25% корисници веќе биле откачени токму на Фејсбук

Испитување направено во јуни 2010 година на 1.000 корисници на Фејсбук од којшто 70% биле мажи, покажало дека 25% од нив биле откачени на Фејсбук со што неговиот (поранешен) партнер го апдејтира неговиот статус во “сингл”.

21% од испитаниците рекле дека не е ништо страшно што завршиле врската со менување на нивниот статус во слободен. Време е луѓето да започнат и да се разведуваат преку Фејсбук.

  • Фејсбук не дозволува фотографии на коишто се покажува доење на дете

Популарната социјална мрежа, предизвика огромен гнев кај мајките кога ги тргна сликите коишто покажуваа како мајките ги дојат своите деца, сметајќи дека премногу откриваат. Значи, ова доаѓа од страна која што дозволува слики од жени во танги и бикини, дури и прифати да рекламира страни за состаноци на кои има и топлес модели. (Топлес моделите беа отстранети кога лута жена ја посочи хипокризијата на Фејсбук)

Како одговор на краткото известување од страна на Фејсбук коешто пристигна кај мајките кои ја кршеа политиката на Фејсбук, “лактивистите“ одговорија со виртуелна соба во која 11.000 жени постираа фотографии како ги дојат своите деца, а на нивните профили пишуваше: “Хеј Фејсбук. Доењето не e непристојно”. Групата привлече повеќе од 250.000 членови.

  • Фејсбук предизвикува 1 од 5 разводи

Порано причина за разводите беше карминот на јакната, потоа пораките на мобилните телефони. Но сега 1 од 5 разводи ја вклучува социјалната мрежа Фејсбук, според новата анкета на Американската академија на брачни правници.

Неверојатни 80% од адвокатите кои ги водат разводите изјавија дека е зголемен бројот на случаи кои ја користат социјалната мрежа како доказ за неверство.

  • Ал Пачино беше првото лице на Фејсбук

Се сеќавате на плавиот тажен лик на почетната страна на Фејсбук кој се гледаше во вас секој пат кога одевте да се логирате? Го имаше во 2007 година, па ако сте се регистрирале подоцна, веројатно немате поим за што зборуваме. Како и да е, според “Тhe Facebook Effect“ на Дејвид Киркпатрик, тоа лице создадено од пријателот и соученик на Зукерберг, Ендру Мекколум, е всушност Ал Пачино покриен во маглата од нули и единици – елементарната компонента на дигиталната медиа.

  • 36% проценти од корисниците го проверуваат Фејсбук после сексот

Палење на цигара после секс? Тоа е стара мода.
Истражување направено во октомври 2009 година од страна на Ретрево покажува дека социјалните мрежи стануваат важен дел од животите на младите луѓе. 35% признаат дека проверуваат Фејсбук и Твитер веднаш после секс. 40% признаваат дека тоа го прават додека возат, 64% рекоја дека тоа го прават на работа, а 65% ги користат мрежите додека се на одмор.

  • Повеќе од 350 милиони луѓе страдаат од Facebook Addiction Disorder (Фејсбук зависност)

Facebook Addiction Disorder (FAD) е термин воведен од американските психолози за оние кои се зависни од Фејсбук и нивниот живот е погоден од нивните неконтролирани активности на Фејсбук. Најчестите ефекти се губење на способноста за продуктивност, неспособноста за концентрација, површноста на пријатели како и во екстремни случаи, тоталната изолација.

Се смета дека околу 350 милиони луѓе страдаат од ова нарушување

  • Корисниците на Фејсбук имаат пониски оцени од оние кои не користат Фејсбук

Според ново истражување направено од кандидатот за докторат Арин Карпински, студентите на факултет кои користат Фејсбук имаат значително пониски оцени од оние кои не користат.

Истражувањето направено во 2009 година анкетирало 219 недипломирани и дипломирани студенти. Резултатите велат дека корисниците на Фејсбук имаат поени кои се движат од 3.0 до 3.5, додека оние кои немаат Фејсбук профили имаат поени од 3.5 до 4.0. Исто така беше откриено дека 79% од членовите на Фејсбук не веруваат дека нивните поени зависат од нивните интернет навики.

  • “Burger King“ даваа бесплатни бургери за корисници кои бришеа луѓе на Фејсбук

Во јануари 2009 година, кампањата од “Burger King“ насловена како “WHOPPER Sacrifice” ги наградуваше Фејсбук корисниците со бесплатен “Angry Whopper” доколку јавно избришат 10 пријатели од Фејсбук. Избришаните добиваа порака дека се избришани за бесплатен хамбургер.

Апликацијата беше симната повеќе од 55.000 пати, а беа избришани повеќе од 250,000 пријатели.

  • Човек кој отворено на Фејсбук ја праша својата 23 годишна ќерка за секс беше уапсен

Можеби еден од најлошите криминали направени на Фејсбук беше кога татко од Пенсилванија беше уапсен бидејќи наводно преку Фејсбук и рекол на својата ќерка да имаат секс. Џон Форхенд, 39, нарекувајќи се “Лош Татичко“ во онлајн разговор со неговата 13 годишна ќерка и` предложил секс. Форхенд и` рекол на својата ќерка дека имал непристојни фантазии за неа, и и` напишал: “Многу добро ќе се погрижам за моето мало девојче. “

Девојчето и` кажало на нејзината мајка за непристојната Фејсбук порака, а таа ја известила полицијата. Полицијата организира лажна средба во која го уапси таткото.

Напиши коментар