Бразилските спасувачи успеале да извлечат од вода 12-годишно момче кое го повлекла струја. Видеото од драматичното спасување на Бомбаш бич е објавено на интернет.
Спасувачите забележале момче како се дави и се стрчале да му помогнат пред да биде премногу доцна.
Кога тие кончено стигнале до давеникот кој едвај успевал да се задржи во живот, ги покриле бранови.
На крајот исплашеното момче го извлекле до брегот, додека одушевените набљудувачи им честитале на храброста и брзината.
Целиот настан бил забележан со “Go Pro” камера која ја носел еден од спасувачите.
http://www.youtube.com/watch?v=CA3imfSJd88
