Prison brake

Два збора кои Стив Џобс најмногу ги мразел…

Не се случува многу често да имаме можност да слушнеме нешто за тоа како било да се работи со Стив Џобсон во компанијата Apple. До сега се појавија мноштво сведоштва како овој визионер ја создал културата на компанијата, но сега излезе и нешто ново – интервју со поранешната потпретседателка за маркетинг комуникации Алисон Џонсон.

Од 2005.до 2011. Година таа била една од неколкуте луѓе во Apple кои имале директна комуникација со Џобсон.

Според зборовите на Џонсон, две реченици кои “страшно ги мразел” Стив Џобс додека раководел со Apple  биле “брендинг” (branding) и “маркетинг”.

“Во умот на Стив, луѓето ги поврзуваат брендовите со телевизиските реклами и огласи и со вештачките работи. Сепак, најважната работа е односот на луѓето кон производот. Значи, секогаш кога ќе ми го кажеа зборот “бренд”, беше тоа лош збор”.

Кога станува збор за маркетингот, Џонсон вели: Маркетинг е кога мораш некому да му продадеш нешто. Ако не дадеш вредност, ако не ги едуцираш за производот, ако не им помогнеш да го добијат максимумот од производот, во тој случај ти не продаваш. Но ние не смееме да бидеме во тој режим”.

Но, сега доаѓа до парадокс, па зарем не е маркетингот она што Apple најдобро го прави? Како клучно лице за маркетинг во Apple може сега да тврди дека меркетинг е “лош збор” во таа компанија?

Одговарајќи на ова прашање, Џонсон рекла дека Apple лансирањето на секоја своја кампања ја третирал како масивен напор да ја едуцира јавноста за новиот производ и тоа на начин ефикасно да се пренесе она што производот го прави корисен.

“Она што е важно е фактот дека маркетинг тимот секогаш стоеше до тимот за развој на производот и до инжинеринг тимовите”, открила Алисон Џонсон.

 

Напиши коментар