Prison brake

Ја скршил ногата на шест места спуштајќи се низ тобоган (Видео)

Дес Џарвис (46) за време на слегувањето надолу низ тобоганот во турското одморалиште Алтинкум ја скршил ногата на шест места и, по пет операции лекарите успеале да му ја спасат ногата од инфекција на коските.

Џарвис се занимава со монтирање на прозорци и по оваа несреќа му било кажано дека никогаш повеќе нема да биде во можност да работи. Неговата лева нога е за три сантиметри пократка од десната. Иако поминале речиси две години од несреќата, Џарвис нема добиено никаков надоместок од туристичката агенција преку кој го платил летувањето.

-Не можам да спијам, не можам да излегувам и постојано чувствувам болка. И се што тие се обидуваат е да ги сокријат работите – вели очајниот Џарвинс, кој по 24 години поминати во таа работа, сега не знае со што да се занимава.

По несречата лекарите морале уште три пати да му ја скршат ногата со цел да стават метална рамка и да ја спречат потенцијалната инфекција на коските.

На летувањето кое го чинело 6.000 евра, бил со неговата сопруга Ники и двете деца.

https://www.youtube.com/watch?v=AdTJZ-Tz7ng

Напиши коментар