Полицијата во Индијана уапсила едено дваесетиедногодишно момче поради сомнение дека продавал човчки мозоци прку Ибеј. Дали е ова честа појава?
Осомничениот имал шема – најпрво крадел мозоци од ментално заболени пациенти и ги продавал преку интернет. Тој се обидел да продаде 60 мозоци, а што е уште полошо, имало и заинтересирани.
Овој случај наведува на голем број прашања:
Од каде на осомничениот 60 мозоци?
Осомничениот Дејвид Чарлс, наводно украл повеќе од 60 мозоци кои биле чувани во тегли во Медицинскиот музеј во Индијана. Како што е наведено, Чарлс го ограбил музејот и ги зел мозоците кои биле чувани уште од обдукцијата во 1890 година.
Се наведува дека некои тегли успеал да ги продаде на аукција на сајтот Ибеј преку посредници.
Што да се прави со тие 60 мозоци?
Шемата почнала да се распаѓа кога извршниот директор на музејот, Мареј Елен Хенеси добил повик од човек од Калифорнија кој тврдел дека купуил “шест тегли со мозоци” за 600 долари преку Ибеј.
Човекот се посомневал дека теглите се украдени откако ги споредил со другите тегли на сајтот на музејот. Директорот на музејот тогаш повикал полиција.
Чарлс бил уапсен на 16. декември и обвинет за неколку криминални активности, меѓу кои и за кривично дело кражба. Наводно, украл десетина тегли во кое се наоѓало ткиво на човечки мозок во вредност од околу 4.800 долари.
Дали е вообичаено мозоците да се продаваат на Ибеј?
Покрај многуте бизарни работи кои корисниците на интернет ги продаваат преку Ибеј на кој постојат милиони аукции дневно – продажбата на човечки органи е забранета. Трговијата со човечки органи е кривично дело.
