Еден кинез за чудо преживеал откако тој самиот си заковал три шајки со должина од 10 сантиметри.
Рендгенската снимка покажала дека шајките поминале низ неговата глава и продреле во мозокот. Меѓутоа, тој бил опериран во болницата во Хаифенг и целосно се опоравил.
Неименуваниот 69-годишен човек тврди дека случајно ги заковал шајките, но болничкиот персонал се сомнева во тоа, бидејќи неговите повреди биле озбилни.
Човекот инсистирал да не се вика полиција и никој не бил уапсен во врска со инцидентот.
https://www.youtube.com/watch?v=I31I8q6-jig
