Уметничката Sophia Wallace од Њујорк ова лето постави интерактивна инсталација на огромен позлатен клиторис кој посетителите можеле да го јаваат на “City rodeo” и да се натпреваруваат за освојување на награда.
Клиторисот е само дел од човечкото тело кое има единствена функција на задоволство, но и понатаму многу од луѓето не знаат дека не станува збор само за мала”гумичка” сокриена помеѓу женските нозе, туку во најголем дел од внатрешните органи.
Уметничката Sophia Wallace од Њујорк со проектот Clitoracy му се посвети на образованието на луѓето токму за овој женски орган, а ова лето постави и интерактивна инсталација на огромен позлатен клиторис кој посетителите на фестивалот Wassaic Project можеле да го јаваат на “City Rodeo” и да се натпреваруваат за награда.
Sophia Wallace за Huffington Post истакнала дека е шокнатно што клиторисот е откриен дури во 1998-та година, мислејќи при тоа на работата на австралиската докторка за урологија која објавила дека клиторисот во опуштена состојба, а поголем дел од него е под површината, може да биде долг дури 9 сантиметри, што е дури и подолго од пенис во опуштена состојба.
Дури и во порнографијата кон клиторисот се постапува како кон нешто чудно, како мажите да им прават голема услуга на жените посветувајќи се на нивниот клиторис, истакнала Sophia Wallace, додавјќи дека жените многу често се срамат да бараат од својот партнер да ги задоволи со стимулирање на клиторисот, што го доживува како лудост .
